Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Археолошкото богатство пред очите на јавноста
Култура / Culture

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

Археолошкото богатство пред очите на јавноста

tПовеќе од 3500 артефакти пронајдени изминатата година на македонските локалитети, се изложени на големата изложба „Археологија 2011“, која е отворена во Музејот на Македонија. На 18-те наоѓалишта, на кои се истражуваше во текот на 2011 година, археолозите открија дури 19000 археолошки пронајдоци, од кои пред широката публика се претставени само највредните. Разгледувањето на поставката, како што забележаа тие кои веќе ја погледнаа, нуди ретка можност да се ѕирне во длабокото македонско археолошко минато, почнувајќи од праисториските времиња, па сѐ до средниот век. Златен накит, оружје, култните т.н. македонски бронзи, скулптури, керамички садови, монети и многу други предмети од различни епохи се само дел од оваа исклучителна постановка.

arheologija 2011

tЕкспонатите се пронајдени на македонски археолошки наоѓалишта: Скопската тврдина, Скупи, Таор, Стоби, Антигонеја, Стибера, Хераклеја Линкестис, Плаошник, Самоиловата тврдина, Енгелана-Киклопски ѕидини, Исар-Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Кале, Исарот-Штип, Баргала, Кокино и Тетовско Кале. Археолошката изложба се одржува традиционално по петти пат и е составен дел од Програмата на Владата на Република Македонија. Таа се реализира од музеите и заводите во Македонија, а во координација на Управата за заштита на културното наследство.



Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex