Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Позитивното искуство од Хрватска, да се примени во Македонија
Култура / Culture

Билатерална средба на експерти за нематеријално културно наследство од Хрватска и Македонија

Позитивното искуство од Хрватска, да се примени во Македонија

tНа покана од Министерството за култура на Република Хрватска, на 18 и 19 март беше реализирана работна средба на експерти за нематеријално културно наследство од двете земји. На работната средба која ја отвори хрватскиот министер за култура, м-р Јасен Месиќ, претставници од Република Македонија беа Ивона Опетческа Татарчевска - етнокореолог, виш соработник за фолклорни добра во Одделението за духовно културно наследство во Управата за заштита на културното наследство и д-р Зоранчо Малинов, етнолог, директор на Институтот за фолклор „ Марко Цепенков” – Скопје. Темата на работната средба беше новиот циклус на номинации на нематеријални културни добра на листите на УНЕСКО.

tПозитивното искуство на Република Хрватска, со впишани 10 нематеријални добра во УНЕСКО-вите: Репрезентативна листа за нематеријално културно наследство на човештвото и Листата на нематеријално културно наследство со потреба од ургентна заштита, беа пренесени од страна на Генералниот секретар на Канцеларијата на УНЕСКО во Република Хрватска, Рут Карек, раководителот на Одделот за движно и нематеријално културно наследство, г-ѓа Бианка Перчиниќ–Кавур; советникот од Одделението за нематеријално културно наследство , м-р Мирела Хроватин и стручниот соработник Ирена Ивиќ.

tДелегацијата од Македонија имаше чест и задоволство да присуствува и на работен состанок на Советот за нематеријално културно наследство на Р. Хрватска, независно и советодавно тело на министерот за култура, чија основна цел е да номинира национални културни добра на листите за нематеријално културно наследство на УНЕСКО, како и да предлага форми и методи за заштита на нематеријалното културно наследство на национално ниво.

А. Ајдини

Работна Средба Работна Средба

Министерот за култура на Република Хрватска, м-р Јасен Месиќ, директорот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков”- Скопје, д-р Зоранчо Малинов и Ивона Опетческа – Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита на културното наследство

Работна Средба
Работна средба на делегацијата од Р.Македонија со Генералниот секретар на Канцеларијата на УНЕСКО во Република Хрватска, Рут Карек, раководителот на Одделот за движно и нематеријално културно наследство г-ѓа Бианка Перчиниќ–Кавур; советникот од Одделението за нематеријално културно наследство, м-р Мирела Хроватин


Работна Средба Работна Средба
Од состанокот на Советот за нематеријално културно наследство при Министерството за култура на Република Хрватска

Работна Средба Работна Средба

Македонската делегација со стручниот соработник Ирена Ивиќ (слика лево) и Генералниот секретар на K анцеларијата на УНЕСКО во Република Хрватска, Рут Карек, д-р Твртко Зебец, директор на Институтот за етнологија и фолклористика од Загреб и м-р Лидија Никочевиќ, директорка на Етнографскиот Музеј на Истра од Пазин. (слика десно)



Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex