Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Илијадници археолошки наоди на „Македонија 2010“
Култура / Culture

Најубавите икони и археолошки предмети изложени во Холандија

Изложбата „Ненадмината убавина“ досега е најобемно претставување на културното наследство од Македонија во светот, но е особено важна поради внимателно одбраните артефакти, кои се, како што е именувана поставката, ненадминати во својата убавина, која, за среќа, е на дофат на посетителот од ова време

tНајвредните археолошки експонати и најубавите икони од средновековието и од XIX век, фрагменти од фрески, предмети од османлиско време, верски парчиња од Еврејската заедница и многу други културни богатстава од тлото на Република Македонија кои не можат, а да не предизвикаат восхит кај набљудувачот, молчеливо раскажувајќи за животот, смртта, верувањата и страстите на човекот кој од дамнина опстојувал на овие простори, се претставени на голема изложба во музејот „Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија. Изложбата „Ненадмината убавина“ досега e најобемно претставување на културното наследство од Македонија во светот со вкупно 159 артефакти, од кои 62 археолошки предмети, 6 примероци од оригинални фрагменти од средновековен живопис, 52 икони и 39 литургиски предмети. Не поради обемот, туку поради внимателно одбраните историски и археолошки експонати кои се есенција на богатиот културен трезор на земјава, оваа изложба, како што е именувана, е ненадмината убавина, но, за среќа, достапна за посетителот од ова време.
tИсториската патека на македонските културни остатоци изложени пред холандската публика е прилично долга и разновина, па затоа обидот да се издвојат најубавите артефакти од „Ненадмината убавина“ е тешка задача, имајќи ги на ум сите артефакти, кои, дали поради својата старост или, пак, поради својата убавина, предизвикуваат стравопочит и восхит во исто време.

Репрезентативни археолошки експонати


Посмртна ритуална рака ( V век п.н.е), Горна порта, Охридска крепост

tВпечатливи по својата појавност, но и мудри забележувачи на времињата, археолошките експонати се важен дел од изложбата во Утрехт. Меѓу шеесет и двата артефакти посебен впечаток и белег оставаат култните жртвеници од неолитот, како што се можеби и најпрепознатлите експонати од ова време, Големата Мајка од Говрлево и керамичкото торзо на Адам, исто така од Говрлево. Прекрасните црнофигурални вази откриени во некрополите од локалитетот Исар- Марвинци, Валандово, потоа статуетата со претстава на Дедал од Плаошник, Охрид, датирана во македонско-хеленистичкиот период (2 век пр. н.е), многу накит од Лисичнин Дол, од Исар-Марвинци, најдоа свое место на изложбата. Посебно забележителни се златните наоди од охридската крепост од Горна Порта, познатата златна маска, посмртната ритуална рака, ритуалните очила, мајсторски изработениот накит и друго. Виничките теракотни икони декорирани со сцени од Стариот завет и Давидовите псалми, кои се сведок за уметниката продукција во ранохристијанскиот периoд, исто така се поставени пред холандската публика.

Иконите на врвните зографи


Богородица Пелагонитиса, 1421/22 година

tНајубавите средновековни икони, насликани од рацете на најпознатите зографи од тоа време, како и наративните иконописни дела од XIX век, кои говорат за едно време обременето со христијански дух, религиозна посветеност и збиена, но врвна црковно-уметничка продукција, даваат посебен белег на изложбата поставена во Холандија. Скапоцена е секоја изложена икона, како по својата иконографија така и по стилот на сликање. Многу од нив се вистински раритети и се сакапоцени уметнички сведоци на византиската уметност. Меѓу нив посебно место заземаат иконите: „Исус Христос Спасител и Живото­давец“ од митрополитот Јован Зограф (1342/3), „Богородица Пелагони­тиса“ од зографот и јеромонах Макариј (1421/2), „Благовештение“ од работилницата на зографот Јован од Грамоста, потоа познатата „Богоро­дица Пантонхора“ од зографот Дичо Крстевич (1844) и десетици други.

tИзложбата „Ненадмината убавина“ е во организација на Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид, а со поддршка на Министерство за култура. Поставката ќе биде отворена во Утрехт, Холандија, до 11 мај 2011 година.

К. Антевска


Пелике ( IV век п.н.е) од некрополите на Исар Марвинци


Статуета со претстава на Дедал (II век п.н.е), Плаошник

Посмртна ритуална маска ( V век п.н.е), Горна порта, Охридска крепост


Златни обетки со Ероси и делфини, Горна порта, Охридска крепост


Теракотна плочка со претстава на Архангел Михаил од Виница


Исус Христос-Спасител и животодавец, 1393/4 година


Ибрик, крај на XVIII поч. на XIX век


Евхаристична гулабица, XVIII век






Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex