Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРАИСТОРИСКАТА НАСЕЛБА ЦЕЛОСНО ЗАВРШЕНА
Култура / Culture

Музејот на вода-возбудливо патување низ минатото

Праисториската наколна населба над водите од Охридско езеро и Римскиот кастел на зарамнетото плато од ридот „Градиште“ меѓусебно комуницираат и му овозможуваат на посетителот прошетка низ времето, ѕиркање во животот на предците

tМузејскиот комплекс “Музеј на вода” на Охридско езеро со целосна реконструкција на наколна населба од праисторијата над водите на Езерото и на кастел од римско време на ридот “Градиште”, ќе биде свечено отворен на 19 ноември. Пред јавноста ќе бидат презентирани новите објекти што се доградија  во рамки на комплексот, заокружубајќи ја оваа музејска целина, која во изминативе години стана вистинска атракција за домашните и странските посетители. Станува збор за 16 нови праисториски куќички во рамки на Праисториската наколна населба, две обновени плажи, нов театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови бунгалови на парковно уредените простори, пристаниште и други работи.
t“Музеј на вода” е еден од ретките музеи од ваков вид во Европа, па поради тоа е впечатлива туристичка дестинација која раскажува за животот во Македонија и Охридско во дамнешни времиња.  Комплексот содржи три просторни целини: Праисториска наколна населба над водите од езерото, Римски кастел на зарамнетото плато од ридот „Градиште“ и Копнен пристапен и музејски простор со инфраструктурна архитектура. Првите две целини, иако припаѓаат на различни временски периоди, меѓусебно комуницираат и му овозможуваат на посетителот драгоцено патување низ минатото, ѕиркање во живот на нашите предци.

Музеј на вода
Ентериер на праисториска куќа

tВременското патување почнува со Праисториската езерска наколна наслеба „Миќов град“ во Заливот на коските. Се работи за реконструкција на праисториска палафитна-наколна населба од бакарното, бронзеното и железното време со процут во крајот на бронзеното и во раното железно време, односно од 1200 - 600 година пред Хр. ера. Остатоците од населбата се наоѓаат на дното од езерото, на длабочина од 2,40 до 5,00 м. Претпоставената реконструкција на оваа праисториска населба е изведена врз основа на распоредот на зачуваните колци на дното од езерото. Во 2008 година беа поставени 1060 дрвени колци во езерото и на платформата над нив беа изградени 8 куќи, додека во 2010 година беа закачени 2286 колци во дното, а над доградената платформа беа подигнати уште 16 праисториски куќи. Вкупно се закачени 3346 дрвени колци во езерото, а вкупно 24 праисториски куќи се изградени над езерото. Меѓу овие 21 куќа се со правоаголни основи, додека 3 се со кружна основа, а за култни и ритуални потреби на жителите од населбата.
tНа дното од езерото се откриени многубројни цели и фрагментирани керамички садови, дискоидни керамички плочки за рибарски мрежи и за ткаење, камени секирки, кремени ножиња, рачни мелници за жито и многубројни фрагменти од животински коски. Досегашните искустава покажаа дека  посетителите уживаат во разгледувањето на оваа наколна наслеба, најмногу поради нејзината впечатлива реконструкција, автентично уредена до  детаљ.
tОд Праисториската езерска наслебапатот води во едно друго време, во Римскиот кастел, лоциран на зарамнетото плато од ридот „Градиште“.
Во античкиот римски период, а за потребите на римскиоте воени трупи, постоеле повеќе видови на утврдени војни логори: Каструми - утврдени правоаголни површини со големина до 20 хектари за потребите на римските легии; Кастели-вексилијации - помали воени логори со големина од 1,4 до 5,2 хектари за потребите на помошните римски војски и Кастели-нумери - утврдени градби за помали воени единици со големина од 0,6 до 0,8 хектати.
tЛокалитетот „Градиште“ претставува всушност помал римски воен логор за помошна војска, поточно за помала воена единица за контрола на претстажи (Кастел - нумера) од времето на Римското царство. Има издолжена триаголна форма со заоблени агли и  ориентација североисток-југозапад. Вкупната површина изнесува околу  8 000 м2. Со систематските археолошки истражувања кои се изведоа во пролетта 2007-2008 година, беа откриени остатоци од бедеми од источната страна со ширина од 1,80 м и две правоаголни кули со проширување на тие бедеми кон надворешната страна. Со конзерваторско-реставраторските работи во 2008 година беа реставрирани и делумно реконструирани уште две кули на југоисточната страна, како и главната капија на југозападниот дел формирана од две поврзани кули. Од нив кон северозапад бедемот бил изграден само во должина од сса 45 м. На северозападната страна бедеми не биле изградени, најверојатно поради непристапниот терен кој стрмно се спушта кон езерскиот брег. По површината на теренот беа откриени мал број на фрагменти од римска керамика што укажува на тоа дека кастелот бил во функција во мал временски период.
tИсториски, овој кастел би можел да се поврзе  со една од вексилациите (помошните трупи) на легиите II Parthica i III Augusta кои пак биле стационирани едната во близината на Рим, а другата во Африка (Lambaesis) во III век. Се претпоставува дека тие помошни трупи се донесени во врска со одметнувањето на Ингенуус и Регалијан и дека учествувале во битката на Скупи каде што цар Галиен (253-268) го победил Регалијан. Според оваа претпоставка тие во Лихнид биле само на поминување, бидејќи се движеле преку најкусиот пат Виа Егнатиа. После ова, најверојатно, извесно време кастелот функционирал како кастел-нумера со стационирана помала воена единица во служба на потребите на римската управа, а заради одбрана на Царството од варварските напади.

tПосетителите имаат шанса да ги прошират сознанија за секојдневното живеење на дамнешниот човек со прошетката низ Музејската зграда, која беше изградена на брегот на Охридско езеро во 2008 година. Таму се изложени движни археолошки предмети извлечени и ископани од дното на езерото во времето на изведувањето на подводните археолошки истражувања од 1997-2005 година. На западниот дел од заливскиот копнен простор, пак,  се наоѓа уште една зграда: База за подводни активности и подводен туризам.

К. Антевска




Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex