Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Археолошкиот симпозиум во Струмица со учесници од Управата за заштита на културното наследство
Култура / Culture

Археолошкиот симпозиум во Струмица со учесници од Управата за заштита на културното наследство

На Симпозиумот претставниците од Управата за заштита на културно наследство зборуваа за најновите откритија од Кастелот над Пчиња, за генеологијата на името на селото Никуштак, за циркулацијата на монети во античкиот град Стоби, како и за стандардизацијата при изготвување на програмите за заштита на загрозеното културно наследство

tДваесет и првото издание на Симпозиумот на Македонското археолошко друштво се оддржа од 26 до 29 октомври во хотелот „Цар Самуил“ во Струмица.  На овој научен собир учествуваа голем број археолози кои се претставија со свои научни излагања. Симпозиумот беше отворен со презентација на регионот на Струмица, а потоа  претставувањата беа поделени во неколку целини: Секција за антички период, Секција за предисторија и рана антика и  Секција за антика и среден век. Меѓу другите, свои презентации имаа и претставници од Управата за заштита на културно наследство, и тоа Паско Кузман, директорот на Управата, Данче Голубовска, советник за археолошки локалитети и наоѓалишта, Билјана Јовановска, советник за музејски и приватни збирки и Звонимир Николовски, советник- инспектор за културно наследство.  Паско Кузман и Кирил Трајковски имаа излагање за Кастелот над Пчиња, нагласувајќи ги новите откритија во текот на археолошките акции во 2008 и 2009 година.

Хронологијата на протоживеењето на Кастелот кој се издига на стрмен рид околу кој од три страни тече реката Пчиња, на околу 1, 5 км источно од селото Кожле, почнува пред околу 5000 годинни, односно 3000 години пр. н.е. Во бакарното време, забележуваат археолозите, најверојатно постоела мала бригиска населба, а пред околу 3300 години овде суштестувала, исто така, мала пајонска наслеба. Показатели за постоење на живот на Кастелото се најдени и за македонскиот период (IV –II век пред.н.е) и за римскиот период (до IV век). Кон крајот на XII па до сè до крајот на XIV век Кастелот бил феудален замок, „кралска тврдина“ и српска гранична стража. Археолошките истражувања во 2008 и 2009 година на ова наоѓалиште, кое беше меѓу капиталните проекти, дадоа значајни резултати. Како што забележаа Кузман и Трајковски беа поставени сонди во централниот дел од утврдувањето, каде што се открија архитектонски остатоци од т.н. феудален замок. На просторот јужно од централната кула се откриени движни археолошки предмети од бакарно време, а се откриени и содржини од времето на постоењето на пајонската популација на овие простори. На просторот стрмно надвиснат над Пчиња, во северниот дел од речниот полуостров, пак, се откриени остатоци од ранохристијанска базилика со три апсиди и со три брода. Со последните археолошки истражувања на ова тло опсервирани се и остатоци од средновековна црква со зачувани фрагменти од фрески со потекло од XIII до XIV век. За крај, бележи Кузман, Кастелот, и денес е возбудлив предел, разигран речен полуостров, бескрајно обљубуван од палавите буици на Пчиња, некриејќи го на тој начин воодушевувањето од нетипичната и впечатлива природна поставеност на утврдувањето. За Стандардизација при изготвување на програмите за заштита на загрозеното културно наследство свои излагање имаше Данче Голубовска. Како што забележа, од 2005 година па наваму се донесоа повеќе поздаконски акти во кои се стандардизирани содржините и методологиите за изготвување на различни документи, програми, елаборати и слично. Покрај веќе прифатениот и озаконет образец за изготвување на програмите за вршење на археолошки истражувања,  наметната е потребата за воспоставување нов систем за презентирање на културното наследство наменет за остварување на специфични и помалку деликатни цели. Новиот систем, вели Голубовска, е направен на тој начин за да истакне два императива: значењето и вредностите на културните добра и специфичноста и разновидноста на активностите коишто треба да се преземат. Така, утврдено е дескриптивниот приказ да е кус и убедлив, како збиен приказ на сите познати елементи, потоа информациите да се разбирливи, а особено внимание се обрнува на елементите кои се бараат од инвеститорите како: преглед на тоа што ќе се прави, приказ на значењето и општа слика за потенцијалните трошоци. Од овие начела, објаснува Голубовска, произлезе и Предлог-програмата за заштита на културното наследство непосредно загрозено со изградбата на ХЕЦ „Чебрен“. Информациите се систематизирани во четири поднаслови, и тоа: Опис на културно наследство, Оперативен план и оперма, Динамика на реализација и Финансиски импликации. Овој предлог-концепт, заклучува Голубовска, е изготвен како обид да се изедначи обликот, големината и квалитетот на идните документи. „Генеологија на името на селото Никуштак - археолошки и историски извори“ е темата со која се претстави д-р Звонимир Николовски на Симпозиумот во Струмица. Преку приложениот материјал, Николовски го обработи проблемот на топономастиката на село Нукуштак, и тоа преку хипотезата поврзана со Свети Никита, што се зема како основа за неговото име. Во овој контекст беше опфатена црквата Св. Никита во с. Чучер, Скопско, на којашто, според авторот Ј. Трифуновски, и припаѓал имотот „Црквиште“ во атарот на селото Никуштак. Археолошките потврди беа презнетирани преку наодите од Давина Кула во селото Чучер, од каде што потекнува еден оловен печат со втиснато име на Силван од предната страна и крст од задната страна. Аналогиите, забележува Николовски, одат до наодот на прстен од гроб од некрополата на локалитетот „Дрезга“ во околината на селото Лопате, на чијашто гема е испишано името на Никола, синот на Силван, кој, пак, најверојатно бил висок администратор на околните рудници. Неговото потекло се поврзува со Силван од Томе, во северните делови на Мезија од III век. Како што вели Николовски, со ова е допрен проблемот на присуството на Бесите од северна Тракија, кои биле ангажирани од римјаните да вршат тешки рударски работи. Ова тврдење, вели Николовски, е потврдено со еден епиграфски натпис од селото Клечовце во чија околина има рудници на метали. Овој научен материјал, заклучува авторот, ќе биде дел од книгата Macedoniae acta archaeologica, расветлувајќи го проблемот за присуството на рударски населби и различните племенски групации, кои биле ангажирани од римската војска на просторот од Кумановско, односно во провинциите Горна Мезија, а подоцна Дарданија. За циркулацијата на монети во античкиот град Стоби, пронајдени во периодот од 1965 до 1979 година, презентација имаше Билјана Јовановска.  

Biljana

Во рамките на тој период, вели Јовановска, во Стоби се регистрирани вкупно 3683 монети, од кои поради високиот процент на оштетеност, читливи се околу 1000 монети. Монетите се разгледуваа низ хеленистичкиот, раноцарскиот и доцноантичкиот период. Најстар примерок на монета oд хеленистичкиот перод, вели Јовановска, е монетата на Касадар, емитувана во периодот 306-297 год.пр.н.е., потоа монетата на Антигон Гонат, емитувана во 277/6-239 год.пр.н.е.. Филип V, пак, e застапен со три монети со потекло од 187/6-183/2 год пр.н.е. Од монетите од македонските градови ковани во периодот 187/6-168/7 год. пр.н.е., набројни се монетите од Тесалоника, а во помал број се оние од Амфипол и Пела.

moneti

Монети од Стоби

Од раноцарскиот период во Стоби се среќаваат денари направени во време на императорите Нерон, Трајан, Хадријан, Марк Аврелиј и Север Александар. Како што вели Јовановска, циркулацијата на монети во Стоби во доцноантичкиот период, пак, се одвивала во континуитет, почнувајќи од Диоклецијан, а завршувајќи со Лав I. Најзастапени се монетите ковани за време на владеењето на Константиј II со 92 примероци, потоа на Теодосиј I со 84 примероци, Аркадие со 54 примероци, Валентинијан I со 51 примерок, Валентинијан II со 40 примероци и на Валенс со 31 примерок. Монетите ковани во времето на Константин I, Лициниј I, Константин II, Констанс, Константиј Гал, Јулијан, Грати-јан, Хонориј се застапени во помал број, меѓу 20 и 8 примероци. Во најмал број, забележува таа, застапени се монетите на Диоклецијан, Галерие, Галерија Валерија, Константин I,  Крисп, Јовијан, Магнус Максимус, Валентиниан II, Мар-кијан и Лав I.

К. Антевска




Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex