Управа за заштита на културното наследство
Македонски / English
Дома Дома
За управата За управата
Статус Статус
Структура Структура
Активности Активности
Правилници Правилници
Контакт Контакт
Презентација на говорите од долнополошкиот регион
Култура / Culture

Презентација на говорите од долнополошкиот регион

Проектот „Вратничко-полошки говори - духовна ризница” понуди 20-часовен говорен материјал: обичаи, приказни, умотворби, народни песни, легенди и преданија, кои потоа беа обработени на сите јазични рамништа од страна на соработниците на ИМЈ „Крсте Мисирков“

tГоворите карактеристични за долнополошкиот регион, оние од селата, Лешок, Теарце, Глоѓи, Доброште, Беловиште, Вратница, Старо Село, Рогачево и други, кои се дел од богатиот македонски дијалектен систем, беа презентирани на крајот од декември во библиотеката „Светлина“, село Прељубиште, општина Јегуновце. Присутните, меѓу кои и пратеничката во Собранието на Република Македонија од Тетово, г-ѓа Наташа Јаневска, професори и студенти од Државниот тетовски универзитет, почитувачи на македонскиот јазик, имаа можност да се запознаат со посебностите на говорот од долнополошкиот крај, за кој како нематеријално, односно духовно културно наследство е спроведена постапката за заштита од страна на Управата за заштита на културно наследство. Претставник од Управата беше Александар Јорданоски, советник за јазик и топоними во Одделението за духовно културно наследство, кој истакна дека ова истражување и презентирање, всушност, претставува прв реализиран проект на непосредна заштита на духовното културно наследство во согласност со Законот за заштита на културното наследство. Проектот „Вратничко-полошки говори - духовна ризница”, кој беше цел на оваа презентација, пред својата крајна обработка, помина неколку етапи, меѓу кои, најинтересна беше теренска работа, односно собирањето говорен материјал, и тоа: обичаи, приказни, умотворби, народни песни, легенди, преданија и занаети, сите на изворен говор. Резулатотот од работата беше 20-часовен говорен материјал, кој потоа беше обработен на сите јазични рамништа (фонолошко, морфо-синтаксичко, лексичко) од страна на соработниците на ИМЈ „Крсте Мисирков”. Овој проектот беше финансиски помогнат од страна на Министерството за култура, а носител беше овластениот субјект за заштита на јазикот и топонимите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и се реализираше под раководство на проф. д-р Веселинка Лаброска. Соработници на Проектот беа Дарко Томовски, дипломиран професор по македонски јазик, проф. д-р Гоце Цветановски, проф. д-р Убавка Гајдова и проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева.

tСо ваквиот начин на презентација се почитува една од клучните одредници од Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство од УНЕСКО, а тоа е: „поттикнување на учество на заедницата и групата коишто го практикуваат доброто во идентификување, дефинирање, изведување и пренесување на доброто.

К. Антевска
А. Јорданоски



Апел Л И Н К О В И
cl

Апел И Н Ф О Р М А Т О Р
Списание на Управата за заштита на културното наследство
cl

Апел Х Е М Е Р О Т Е К А
cl

Македонски Археолошки Весник

Министерство за култура на Република Македонија

Скопско Кале

Periblepto dome in the narthex